Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски се најсреќните меѓу вработените во Локалната самоуправа. Тие денес ја пронајдоа паричката што по повод големиот христијански празник Православна Нова година – Василица по традиција на заеднички појадок се бара во Општина Охрид.
Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Даниела Ристова, Васко Маркоски и Даме Балоски.
Новите кумови посакаа во Новата Година да имаат добро здравје со желба за успех во работата и напредок на Општина Охрид.