ТРИ МАНИФЕСТАЦИИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО ОХРИД
- август 7, 2019
- 0
Во организација на Општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР и оваа година ќе се одржат манифестациите: „Вино и сирење“, „Денови на мед“ и „Охрид крафт експо” во период од 9 до 16 август на плоштадот Крушевска Република. Посетителите на овие манифестации ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи од ова поднебје.
Манифеставијата „Вино и сирење” ќе се одржи во период од 9 до 10 август 2019 година. Оваа манифестација ги има сите предуслови на своевиден регионален мини саем на кој се презентираат виното и сирењето.
Манифестацијата „Денови на мед” ќе се одржи во период од 11 до 13 август 2019 година, на која ќе се промовираат медот и производите од мед, а истата ќе биде одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.
Манифестацијата „Охрид крафт експо“ ќе се одржи во период од 14 до 16 август 2019 година. Целта на оваа манифестација е да да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.