Во текот на изминатиот викенд Охрид беше претворен во вистинска атлетска патека благодарение на третото успешно издание на Спортската манифестација „Охрид Трчат”. Во рамки на главните трки од 5 и 10 километри, кои се одржаа вчера, во врнежливи временски услови, се натпреваруваа над 1.500 учесници.
На трката од 10 километри во машка категорија победи Дарио Ивановски, а во категоријата на жени најдобра беше српската атлетичарка Теодора Симовиќ.
Во категоријата мажи, на трката од 5 километри, прв до целта пристигна Кристијан Стојани, а најдобар резултат во женска категорија, на истата трка оствари Елена Даниловска.
Во рамки на програмата на овогодинешното издание на Атлетскиот викенд „Охрид Трчат” во петокот се одржа рекреативна Ноќна трка. Во саботата беше организирано комерцијално Експо и Панел дискусија, на која учествуваа организаторите на слични маратонски настани во регионот.
Во целокупната организација на „Охрид Трчат” оваа година беа вклучени над 200 волонтери. Околу 60 лица беа ангажирани за техничката организација, а за здравјето на учесниците во трките беа задолжени над 40 медицински лица.
Организатор на спортската манифестација „Охрид Трчат” е Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – Сите за спорт“, која е поддржанa од Општина Охрид и од голем број спонзори и покровители.
Резултати „Охрид Трчат 2019”
- Трка-10 километри:
Машки
1. Дарио Ивановски (31:55)
2.Милош Ранчиќ (34:17)
3.Муџахит Мислимоски (34:41)
Женски
1.Теодора Симовиќ (37:56)
2.Адријана Поп Арсова (39:10)
3.Билсерин Сулејман (40:41)
- Трка-5 километри:
Машки
1.Кристија Стојани (18:33)
2.Дејан Ангелоски (18:40)
3.Наум Танески (18:52)
Женски
1.Елена Даниловска (24:17)
2.Ангела Чингоска (24:33)
3.Весела Панчева (24:39)