УТРЕ ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА “ЖЕЛЕЗНИЧКА И НА ДЕЛ ОД „ЕГЕЈСКА“ И „БУДВА“
- октомври 9, 2020
- 0
Се известуваат жителите на општина Охрид дека утре (10.10.2020 година) во период од 05:00 – 16:00 часот, улицата „Железничка“ целосно ќе биде затворена за сообраќај на автобуси и товарни возила на потегот од Клучката до кружната крстосница кај Здружение на возачи. Овие превозни средства ќе се пренасочуваат на улицата „ Туристичка “ од една страна и ул. „ 7 – ми Ноември “ од друга страна.
Во овој период по налог на Општина Охрид АД „Илинден“ од Струга ќе реализира градежни активности за преуредување и асфалтирање на четворокраката крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва “ во кружна, а ќе се воведе и нов сообраќаен режим.
За останатите превозни средства и пешаци забраната на сообраќање и движење ќе важи од крстосницата на ул. „Железничка“ со ул. „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од Клучката на влезот од Охрид кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата Железничка и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка “.