Во рамки на проектот  на Општина Охрид, „Културата расте со децата. За сите деца“, утре напладне во ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани  ќе биде прикажана детската театарска претстава ,,Плашливиот лав” во изведба на актерите од Театар  „Отпишани“.

„Плашливиот Лав” е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата.

Автор на претставата е Марјан Анѓеловски,а главната ролја ја играат  Јасмин Рамани и  Мето Јанакиевски.

 Детските театарски претстави ќе се одржуваат секој петок, а низ нив ќе ги води ликот на рибарот Климе.