Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, делегација на општина Охрид предводена од претседателката на градскиот Совет , Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен бистата на поетот пред НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Општинска делегација предводена од заменик градоначалникот, Ристо Николески цвеќе положи и на гробот на Прличев каде се одржа и панихида.