Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до своите сограѓани  со исламска вероисповед.

 

-Празникот на хуманоста,  дарувањето и солидарноста  посакувам да го минете во добро здравје, љубов и  благосостојба во домовите подавајќи рака на сите оние кои имаат потреба од поткрепа или помош.

Меѓусебното почитување без разлика на верската, етничката или која и да било друга припадност од секогаш го краселе ова општество  и затоа на овие празнични денови се радуваме сите заедно.

Курбан Бајрам  нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот.

Ние како локална власт и понатаму посветено ќе работиме  со цел да обезбедиме подобри услови за живот, развој и напредок на секој поединец целејќи кон развиен и просперитетен Охрид – стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод големиот муслимански празник, Курбан Бајрам.