ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
- ноември 12, 2025
- 0
Во рамки на предвидениот план и програма за работа , денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид.
Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината.
Во пријатна атмосвера градоначалникот Пецаков ги сослуша и одговараше на сите прашања што му ги поставуваа децата.
Денешната посета на учениците е во рамки на наставната програма за четврто одделение по предметот Историја и општество.





















ОПШТИНА ОХРИД