ЧИСТЕЊЕ НА ПУМПНАТА СТАНИЦА „КАНЕО“
- април 17, 2019
- 0
Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти . Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење.
Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град пред почетокот на туристичката сезона.