Врз основа начлен 80, член 80а и член 81од Законот за градење („Сл.весникна РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16,35/18 и 64/18), член 34 од Статутот на општина Охрид, член 36 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2019 год. бр. 08-312/20 од 16.01.2019год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 01/2019,) Годишната програма за измени и дополнување на годишната програма поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2019 год. бр. 08-7244/70од 30.06.2019год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 06/2019,) и Одлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид бр 08-312/21 од 16.01.2019година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2019
за добивање локација со право за поставување на урбана опрема (покриени и непокриени шанкови) на подрачјето на општина Охрид

 

ПОНУДА ЗА УЧЕСТВО

 

П Р А В И Л Н И К за спроведување електронско јавно наддавање за огласот на бр.03/2019 за Добивање локација со право за поставување на урбана опрема (покриени и непокриени шанкови) на подрачјето на општина Охрид

ИЗВОД ОД ПРОГРАМА

 

 

1.  ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Предмет на овој оглас е добивање локација за поставување на урбана опрема (покриени и непокриени шанкови) на подрачјето на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање.

Бројот, видот, големината, како и локациите на кои може да се постави урбаната опрема (покриени и непокриени шанкови) се утврдени во Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2019 год. бр. 08-312/20 од 16.01.2019 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 01/2019,) Годишната програма за измени и дополнување на годишната програма поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2019 год. бр. 08-7244/70од 30.06.2019год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 06/2019).

Предметот на јавнен оглас е покриен шанк за кој се склучува договор, врз основа на електронско јавно наддавање и се издава одобрение за поставување.

 

2.    ОПШТ ОПИС НА ПРЕДМЕТНАТА УРБАНАТА ОПРЕМА, ПОВРШИНА И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ:

Локацијата за поставување на урбана опрема (покриени и непокриени шанкови), бројот и површината на предметната урбана опрема се дефинирани како што следи:

  • Локацијата за поставување на урбана опрема-покриен шанк се наоѓа во Градскиот парк во зелениот појас пред мостот на канал Студенчишта, со површина од 6 м2.

Деталната местоположба на локацијата на која ќе биде поставена предметната урбана опрема опишана во точка 2 од оваа објава, може да се види од графичиот прилог – Извод од програма, кој ќе биде изложен на огласна табла на општина Охрид и веб страната на Општина Охрид.

 

3.  ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС:

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, под услови утврдени со јавниот оглас.

Јавниот оглас трае од денот на објавувањето па се до 22.07.2019 година до 13:00 часот.

Право на учество на јавно наддавање имаат сите домашни и странски правни и физички лица, кои најдоцна до денот и часот на јавното отворање на понудите ќе положат и ќе достават потврда за уплатен гарантен депозит до Комисијата, како и докази дека ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање.

Депозитот изнесува 20% од почетната цена по метар квадратен, утврдена за локациите за предметната урбана опрема, за кои понудувачот доставил понуда, пресметана по површина на годишно ниво и треба да биде изразен во денари (односно 21.600 денари) и се уплаќа на следната сметка:

Уплатата се врши на следната сметка: Трезорска сметка: 1000000063095

Уплатна сметка: 84015206553

Приходна шифра: 723914 Програма 00

 

4.  РОК И ПОЧЕТНА ЦЕНА ЗА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Правото за поставување на урбана опрема опишана во точка 2 од оваа објава се определува за период од 5 (пет) години.

Општина Охрид го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за поставување на предметната урбана опрема, заради потребите на општина Охрид, а отстранувањето на истата ќе биде на товар на лицата кои го добиле правото за нејзино поставување.

Доколку во текот на постапката, која трае до потпишувањето на договорот, се случат непредвидени околности кои го прават невозможно понатамошното водење на постапката, општина Охрид го задржува правото да ја запре постапката, односно да не го потпишува договорот, за што не сноси никаква одговорност.

Понудената цена за добивање право за поставување на предметната урбана опрема од страна на понудувачот треба да биде изразена во денари.

Почетната цена за електронското јавно наддавање, поединечно за поставување на урбаната опрема во локацијата опишани во точка 2 на оваа објава изнесува 1.500,оо денари по м2 месечно.

Минималниот износ со кој може да се лицитира од моментот на највисоката понуда изнесува 1,оо

денар, а максималниот износ со кој може да се лицитира изнесува 5,оо денари.

 

5.  ВРЕМЕ И МЕСТО НА ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ:

Јавното отворање на пристигнатите понуди ќе се изврши на ден 22.07.2019 година со почеток во 14:00 часот, во просториите на Малата сала при општина Охрид.

 

6.  ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:

Предмет на електронското јавно наддавање ќе биде цената по метар квадратен, нa месечно ниво, утврдена во точка 4 од овој оглас.

На јавното електронско наддавање може да учествуваат само понудувачите кои имаат доставено уредна документација за јавниот оглас и имаат уплатено гарантен депозит.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи во рок од 5 (пет) дена од јавното отворање на понудите.

За јавното електронско наддавање, во рок од 3 дена пред неговото одржување, учесниците што ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање, ќе бидат известени по електронска пошта и телефонски од страна на Комисијата за спроведување на постапката.

 

7.  ВРЕМЕТРАЕЊЕ И НАЧИН НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:

Времетраењето и начинот на јавното електронско наддавање ќе биде определено со Правилник кој благовремено ќе им биде доставен на понудувачите.

 

8.  ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА/ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА

Документација која треба да треба да се приложи:

ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

  •  Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, оригинал или копија заверена кај нотар и не постараод 6 месеци
  • Потврда од надлежен орган, дека правното лице не е под стечај, во оригинал или заверена копија кај нотар и не постара од 6 месеци,
  •  Доказ за уплатениот износ-депозит за учество на огласот.

ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

  • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација / (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид)
  • потврда издадена од надлежен орган, дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • Фотокопија од лична карта
  • Доказ за уплатениот износ-депозит за учество на огласот.

 

9.  ОБВРСКИ НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ:

Најповолниот понудувач во рок од 30 (триесет) дена од склучувањето на Договорот, има обврска да достави идеен проект согласно Извод од програмата за урбана опрема за конкретната локација.

Најповолниот понудувач е должен да обезбеди одобрение за поставување на предметната урбана опрема, во рок од 45 (четириесет и пет) дена, од денот на склучувањето на договорот, а во спротивно непостапувањето по оваа обврска ќе биде услов за раскинување на договорот, враќање на платената закупнина и губење на гарантниот депозит.

Плаќањето на годишната закупнина за издадената локација ќе се врши врз основа на доставена фактура од страна на општина Охрид.

Плаќањето на закупнината за првата година, најповолниот понудувач е должен да го изврши во рок од 10 дена од денот на склучување на договорот, додека за наредните години, плаќањето ќе се врши однапред за целата година но не подоцна од 15-ти август за деловната година.

 

10.ПОСТАПКА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:

По завршувањето на постапката Комисијата доставува предлог до Градоначалникот на Општина Охрид, за избор на  најповолен  понудувач  со  предлог  за  склучување  на  договор.  Градоначалникот на Општина Охрид и најповолниот понудувач, склучуваат договор во кој покрај начинот на плаќање на постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.

Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.

Општината по завршување на јавното наддавање, ќе го врати положениот депозит на оние учесници во наддавањето чии понуди не се прифатени и тоа во рок од 15 дена од денот на јавното електронско наддавање. Депозитот уплатен од страна на најповолните понудувачи со кои е склучен договор ќе им биде пресметан во закупнината.

Договорот со најповолниот понудувач се потпишува во рок од 15 дена по правосилноста на решението за избор на најповолен понудувач.

 

11.НАЧИН НА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА:

Документацијата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот.

Документацијата се доставува лично во архивата на општина Охрид или по пошта на следнава адреса: ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57; 6000 Охрид

  • доколку документацијата се доставува лично во архива на општина Охрид, истата треба да се достави во архивата, НАЈДОЦНА до денот и часот на доставување на понудите 22.07.2019 година, 13:00 часот.
  • доколку документацијата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, НАЈДОЦНА до денот и часот на доставување на понудите 22.07.2019 година, 13:00 часот,

Пример за адресирање на плик за достава:

‘’НЕ ОТВОРАЈ’’

„Да не се отвора пред 22.07.2019 г , пред 13:00 часот’’

Оглас бр.03/2019
Општина Охрид

Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема

Ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57 6000 Охрид

 

Некомплетната понуда нема да биде предмет на разгледување од Комисијата И ИСТАТА ЌЕ БИДЕ ОТФРЛЕНА ОД ПОНАТАМОШНА ЕВАЛУАЦИЈА.

Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 22.07.2019 година до 13:00 часот.

Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.

На денот на отворањето на понудите треба да презентираат документи за идентитет и тоа:

  • полномошно за претставници на правните лица, издадено од правното лице;
  •  лична карта за физички лица;

Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел: 046/262-492; локал: 127.

 

Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување
на урбана опрема