Врз основа на член 74 став 2, 3 и 4 од Статутот на Општина Охрид, Иницијативниот одбор за организација и одржување на Локалното младинско собрание на општина Охрид објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на Локален совет на млади и конституирање на локално младинско собрание.

Целтта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите.

Иницијативниот одбор ги известува заинтересираните дека: Конститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид ќе се оддржи на ден 28.04.2021 година (среда) во 12 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид. Задолжително учесниците да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19.

 

2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Охрид кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на општина Охрид;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој јавен повик;
  • Делегатот и заменик делегатот кои ќе бидат номинирани треба да се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;

 

3. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик во PDF формат на следната емаил адреса: sovetnamladiohrid@yahoo.com

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

  • Унифицирана пријава;
  • Резиме од работата на организацијата; (не се однесува за политички подмладоци)
  • Мотивационо писмо за учество во Локалното собрание на млади;
  • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или со млади во општина Охрид; (не се однесува за политички подмладоци)  

Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик.

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето по што следува оддржување на конститутивната седница на локалното сорание на млади.

Апликациите ќе бидат разледани од членовите на Иницијативниот одбор за организација и одржување на Локалното младинско собрание на општина Охрид а мандатите на делегатите ќе бидат верифицирани на самото Собрание.

 

4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).

 

 

П Р И Ј А В А ЗА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ОБНОВЕНО: ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД