
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ПРИРОДНА НЕПОГОДА ОД СНЕЖНИ НАНОСИ И ГОЛОМРАЗИЦА КОЈА ЈА ЗАФАТИ ОПШТИНА ОХРИД НА 06.04.2025 ГОДИНА
- април 9, 2025
- 0
Врз основа на член 143 и 145 од Законот за заштита и спасување („СЛ.Весник на РМ “ бр.36/04…..215/21 ), член 50 од Законот за локална саноуправа („Сл.Весник на РМ“ бр.5/020 и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр. 8/07,01/08,10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица која ја зафати општина Охрид на 06.04.2025 година
Општина Охрид ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица кои ја зафатија општина Охрид на 06.04.2025 година, да пријават штета на своите насади на Барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на општина Охрид.
Покрај Барањето секој барател треба да достави:
-
- Копија од имотен лист
- Копија од лична карта
- Доказ за користење на земјиштето за насадите ( Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп)
- Трансакциска сметка
Со потпишување на Барањето се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Доколку доставените документи не се целосни, барањето нема да се разгледува.
Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 09.04.2025 год. до 17.04.2025.год., секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.