Согласно Одлуката за давање на користење недвижен имот Бр. 08-10563/48 од 27.07.2018 и Заклучок за прогласување на Одлуката за давање на користење недвижен имот бр. 09-10563/117 од 27.07.2018 год. на 15.08.2018, Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за пројавувањена интерес за користење на недвижен имот – Туристички Инфо Центар

 

  1. Предмет на јавниот повик:
  • Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес за користење без надоместок на недвижен имот – урбана опрема културно – информативен киоск туристички инфо центар лоциран на КП. Бр. 15392 КО Охрид 3, со вкупна површина од 5,33 м2 поставен согласно одобрението бр. 19-612 од 05.05.2016 год. со намена за користење на објектот во насока на обезбедување информации за опслужување на туризмот и посетителите на Охрид со времетраење од 1 година (oд 01.11.2019 до 31.10.2020год.). Користењето на Инфо центарот да биде исклучиво некомерцијално (без остварување на профит), а со цел промоција на туристичките вредности и производи на Охрид, давање информации од областа на туризмот, културата, спортот и слично. Да вршат информирање за различни настани и манифестации, да дистрибуираат промотивен материјал за туристички содржини и сл.

Во никој случај не е дозволено: продавање на добра и услуги, директно посредување при продажба на добра и услуги и било какви други активности кои во објектот би генерирале профит.

  • Корисници на туристичкиот инфо центар можат да бидат невладини организации, здруженија на граѓани и други непрофитабилни правни лица. Во случај на исполнување на условите од повеќе корисници, истиот ќе им се додели рамноправно во одредени временски интервали.
  • Поддршка што Општина Охрид ја нуди при користење на туристичкиот инфо центар е ослободување од плаќање надоместок за користење на просторот (закупнина).

 

  1. Право на учество-подобност на кандидати:

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани невладини организации, здруженија на граѓани и други непрофитабилни правни лица со седиште во општина Охрид како матична општина, регистрирани во областа на туризмот во насока на обезбедување информации за опслужување на туризмот и посетителите на Охрид, со поднесување на Пријава која ги содржи следните податоци:

  • Да достават доказ дека се регистрирани (тековна состојба од Централен регистар на РМ);
  • Да имаат Годишна програма за работа од која можат да се видат нивните активности;

Доколку пријавените се стекнат со право на користење на недвижниот имот потребно е  да ги имаат во предвид следните обврски/должности:

  • Да го прифатат планот за распоред на користење на просторот
  • Да се однесуваат кон просторот како добри домаќини (да го чуваат инвентарот, тековно да ја одржуваат хигиената)
  • Да го користат просторот за активностите наведени во јавниот повик
  • Редовно да ги подмируваат сметките за комунални трошоци (струја, вода и др.)

Заинтересираните мора да ги поднесат своите предлози користејќи го формуларот за пријавување којшто е достапен на http:// www.ohrid.gov.mk

Комплетната документација треба да ги содржи следниве документи:

  • Пополнет Формулар – Пријава – кој е објавен на веб страната на општина Охрид ohrid.gov.mk
  • Копија од тековна состојба на правниот субјект од Централниот регистар на РСМ и
  • Годишна програма за работа

 

Проектната документација треба да биде доставена во еден (1) примерок во оригинал и две (2) копии.

Крајниот рок за прием на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Во случај на исполнување на условите од повеќе корисници (здруженија), општина Охрид ќе склучи договор со истите и ќе им се додели на користење рамноправно во одредени временски интервали.

Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени.

Целосната документација да се достави на следната адреса:

 

OПШТИНА ОХРИД
Сектор за туризам и ЛЕР
ул. Димитар Влахов бр. 57
6000 Охрид
Со назнака:
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавувањена интерес за користење на недвижен имот –
Туристички Инфо Центар

 

Подетални информации на контакт тел.046 262 492/493 лок.123 или на контакт е-маил адреса: info@ohridler.gov.mk

ПРИЈАВА (word doc.12 kb)