ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА МОДЕРЕН СИСТЕМ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ- ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2021 ГОДИНА
- март 16, 2021
- 0
Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година
- Опис на Јавниот повик
- Општина Охрид , со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2021 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
- Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 април 2021 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
- Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, Општина Охрид ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
- Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
2. Право на учество на Јавниот повик:
- Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Охрид кои имаат купено инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во 2021 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците, освен вработени во локалната самоуправа на Општина Охрид и нивни блиски лица односно лица кои се во брачна заедница со вработеното лице; роднини по крв во права линија (син и ќерка, внуци, татко и мајка, баба и дедо).
3. Услови што треба да ги исполни барателот:
- Барателот е должен да ги исполни следниве услови:
- да има живеалиште на подрачјето на Општина Охрид,
- Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,
- Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- набавениот уред да биде купен во 2021-та година, се до завршување на Јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
- Само едно лице по домаќинство (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.
- По исклучок од ставот 1 од овој член, за барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење, не важи условот од став 1 точка 3 на овој член.
-
- Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно Комисијата доставува предлог до градоначалникот на Општина Охрид за неусвојување на барањето.
4. Начин на пријавување на Јавниот повик
- За надоместување за дел од трошоците за набавка на инвертер клима и докажување дека условите за учество на јавниот повик се исполнети , барателот до Општина Охрид треба да достави;
- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општината: www.ohrid .gov.mk),
- фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина Охрид,
- Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,
- Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи,
- фотокопија од трансакциска сметка, на барателот
- доказ во оригинал дека е извршено купување во 2021 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата.
- По исклучок од ставот 1 на овој член, барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не ја доставуваат документацијата од став 1 точка 5 и 6 на овој член.
- Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување- инвертер клима за 2021 година“ во архивата на Општина Охрид, на адреса ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
- На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима за 2021 година“.
- Архивата на Општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5. Начин на спроведување на јавниот повик
- Градоначалникот на Општина Охрид формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:
- во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни и
- во втората фаза ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купената инвертер клима е инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее и дека барателот до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут
- Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталиран набавениот инвертер клима уред.
- Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Охрид.
6. Начин на остварување на правото на надоместок
- Градоначалникот на Општина Охрид на предлог на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето, подносителот писмено се известува за неусвојувањето.
- Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно јавниот повик за одбивање на барањето.