Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и Oдлуката за организирање јавна анкета и јавна презентација бр. 19-7435/3 од  24.11.2021 година, Градоначалникот на општина Охрид дава ,

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ  ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА на ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 НА ДЕЛ ОД КП 2440/3 КО КОЊСКО – ОПШТИНА ОХРИД  (ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА А4-ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ), изработена од ДООЕЛ ,,Снегар Компани“ Охрид, со тех.бр. 06/16 од октомври 2021 година.

СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација на  ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 НА ДЕЛ ОД КП 2440/3 КО КОЊСКО – ОПШТИНА ОХРИД  (ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА А4-ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ), изработена од ДООЕЛ ,,Снегар Компани“ Охрид, со тех.бр. 06/16 од октомври 2021 година.

  1. Проектниот опфат  зафаќа дел од КП 2440/3  КО Коњско, општина Охрид, со вкупна површина од 3563,66 м2.
  2. Јавната анкета ќе трае од 01.12.2021 07.12.2021 год.
  3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 03.12.2021 год. со почеток во 12.00 часот, со почитување на covid-19 протоколите.
  4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планската документација ќе биде истакната  во холот  на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
  5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.
  6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до општина Охрид , преку архивата на општината.

ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 НА ДЕЛ ОД КП 2440/3 КО КОЊСКО – ОПШТИНА ОХРИД