ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ ПРОГРАМИТЕ И НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2021 ГОДИНА
- декември 7, 2020
- 0
Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Охрид организира Јавна расправа по Нацрт програмите и Нацрт буџетот на општината за 2021 година.
Јавната расправа ќе се одржи во периодот од 10-ти до 17-ти декември 2020 година.
Со оглед на актуелната состојба со здравствената криза предизвикана од пандемијата на вирусот КОВИД 19, Јавната расправа нема да може да се одржи со физичко присуство на заинтересираните лица.
Се повикуваат сите заинтересирани физички и правни лица во перидот од 10-ти до 17-ти декември 2020 година да ги достават своите предлози преку дигиталната алатка „Вклучи се-Граѓански буџет“ која е поставена на општинската веб страница и да го пополнат поставениот прашалник.
Нацрт програмите и нацрт буџетот на Општина Охрид се достапни за разгледување на следниот линк:
Поврзани вести: ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2021 ГОДИНА