ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
- ноември 7, 2025
- 0
Со богата свечена приредба која се одржа доцна попладнево во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник.
Пред бројните родители и гости свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.
-Имам исклучителна чест и привилегија, да Ви се обратам во името на Општина Охрид и во свое лично име, и да искажам неизмерна среќа што денес сум меѓу вас да го одбележиме патронот на детската градинка „Јасна Ристеска“.
Детската установа, повеќе од 6 децении се грижи и ги воспитува нашите најмили, за што во оваа пригода упатувам искрена благодарност за сите генерации учителки, негователки и вработени кои со својата благородна работа издигнаа и воспитаа многу деца.
Денес Јавната установа „Јасна Ристеска“ секој ден згрижува околу 1000 деца, рапоредени во 5 објекти и 4 просторни услови. Ве уверувам дека како локална самоуправа максимално сме посветени континуирано да ги подобруваме условите за работа и престој на нашите најмили, бидејќи цврсто сме уверени дека децата се нашето најголемо богатство.
Ве поканувам да го проследиме „Детскиот шарен свет“ и да уживаме во невината и инвентивна детска игра, истакна Пецаков во своето обраќање.

Во рамки на свечената програма беа изведени бројни музички и танцувачки точки подготвени од најмладите, под менторство на воспитувачите од градинката.



















ОПШТИНА ОХРИД