ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР” ЗАПОЧНА СО ПОСТАВУАВАЊЕ НА УНИФИЦИРАНИ ТЕЗГИ
- јули 3, 2019
- 0
ЈП „Градски Пазар” започна со поставување на урбана опрема-унифицирани тезги за продажба на источниот дел од плоштадот „Крушевска Република”.
Овие активности се во согласност со Измените и дополнувањата на Годишната програма за поставување на урбана опрема, која ја усвои Советот на Општина Охрид на 30.05.2019 година и во согласност со Огласот бр. 01/2019 за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.
Од јавното препријатие упатуваат апел до граѓаните да ги остранат паркираните моторни возила од овој потег, во спротивно ќе бидат преземени мерки за отстранување на истите.