ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ ДОНИРАШЕ ОГРЕВНО ДРВО
- декември 28, 2021
- 0
Водени од принципите на хуманост и пружање помош на оние на кои им е најпотребно, ЈП „Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на згрижувачко семејство oд Охрид.
Оваа иницијатива се реализираше во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул. „Македонски Просветители”.