ЗАКЛУЧОЦИ И АПЕЛ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јуни 6, 2020
- 0
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваше и Раководителот на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Охрид.
На состанокот беа донесени следните заклучоци:
Поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.
Веќе се работи на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.
По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.
Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апал за максимално почитување на препораките за заштита од „Ковод 19“
-
-
- Да се носат заштитни маски;
- Да се одржува потребна дистанца;
- Да се одржува лична хигиена според препораките;
- Да не се организираат семејни собири и други слични групирања;
- Да се почитува во целост полицискиот час.
-
Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.