ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГРАД ОХРИД ЗА УЗ 8,УБ 8.3 И УЗ 17, УБ 17.4, ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019 – 2029
- јули 8, 2020
- 0
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и
39/16), Општина Охрид, на ден година, 06.07.2020г. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Охрид за УЗ 8, УБ 8.3 и УЗ 17, УБ 17.4, општина Охрид, плански период 2019-2029 кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Охрид за УЗ 8, УБ 8.3 и УЗ 17, УБ 17.4, општина Охрид, плански период 2019-2029 , се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Охрид за УЗ 8, УБ 8.3 и УЗ 17, УБ 17.4, општина Охрид, плански период 2019-2029 , кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и: ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.