СВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јули 27, 2020
- 0
Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и петата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.07.2020 година ( четврток ) со почеток во 11.00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 44 седница
- Предлог-програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година.
- Предлог-програма за измена на програмата за активностите на општина Охрид вообласта на образованието за 2020 година.
- Предлог-програма за измени на програмата за социјална заштита за 2020 година.
- Предлог-програма за измени дополнувања на програмата други комунални услуги за 2020 година.
- Предлог-програма за измени и дополнување на Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2020-2022 година.
- Предлог-програма за измени и дополнување на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година.
- Предлог-програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020-2022 година.
- Предлог –одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2020 година.
- Предлог- одлука за давање согласност на општина Охрид за одобрување финансиска помош за град Нови Пазар – Р.Србија.
- Предлог- одлука за давање согласност на одлуката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид за ослободување од партиципацијана деца кои посетуваат градинка.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Oхрид на ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
- Предлог-одлука за за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани- Охрид.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.
- Предлог заклучок за усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје.
- Предлог одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија – “Парк на природата”.
- Советнички прашања.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска