ОДРЖАНА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- декември 13, 2021
- 0
Со петнаесет точки на дневниот ред, од кои дванесет беа посветени на разрешување на старите и избор на нови членовите во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, денес се одржа петтата седница на Советот на Општина Охрид.
Со мала дискусија, мнозинството сооветници ги донесе одлуките за избор на нови членови во управните и надзорните тела.
Другите четири точки од дневниот ред кои се однесуваа за определување на надоместок за членовите на Општинската изборна комисија и избирачките одбори и усвојување на елаборати за проценка на штети од временски непогоди, советниците едногласно ги усвоија.