Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и Oдлуката за организирање јавна анкета и јавна презентација бр. 19-261/5 од  10.05.2019 година, Градоначалникот на општина Охрид дава,

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ  ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА на

Архитектонско урбанистички проект за формирање градежна парцела со основна класа на намена А1 (домување во станбени куќи) на дел од КП 514 и дел од КП 515 во КО Велгошти – село Велгошти, Општина Охрид

СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација на  Архитектонско урбанистички проект за формирање градежна парцела со основна класа на намена А1 (домување во станбени куќи) на дел од КП 514 и дел од КП 515 во КО Велгошти – село Велгошти, Општина Охрид, со тех.бр.20/2018  од февруари 2019, изработен од ,,НЈУ ВИЖЕН“ ДОО увоз-извоз Охрид.

1. Проектниот опфат  зафаќа дел од КП 514 и дел од КП 515 во КО Велгошти, општина Охрид, во границите на општиот акт за село Велгошти.

2. Јавната анкета ќе трае од 17.05.2019 – 23.05.2019 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 21.05.2019 год. со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица,  АУП-от ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.