Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на набавка на опрема и услуги за поттикнување на развојот на земјоделството и сточарството.

ПРАВИЛНИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ (НАЧИНОТ И ВИДОТ) НА ОПРЕМА И УСЛУГИ ВО ЛОКАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СТОЧАРСТВО

Целта на оваа активност е поттикнување на сите семејни земјоделски стопанства  вршители на земјоделска дејност од мал обем во општина Охрид за зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците за производство и зголемување на конкурентноста во сферата на земјоделството.

Право на користење на субвенционирање на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство имаат семејни земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на семејни земјоделски стопанства, кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Износот на субвенцијата по основ на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство ќе изнесува 80% од извршената набавка при што максиналниот износ на субвенцијата нема да надмине 50.000 денари. Корисници на субвенцијата можат да бидат единствено семејни земјоделски стопанства кои се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства ЕРЗС во период од најмалку 6 месеци пред објава на огласот и истото да го докажат со потврда од надлежен орган или копија од решение за упис во ЕРЗС.

По дадениот рок за извршување на набавката, семејното земјоделско стопанство ги доставува фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

БАРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ОПРЕМА И/ИЛИ УСЛУГИ ВО ЛОКАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СТОЧАРСТВО

Набавката претходно мора да биде одобрена од Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Охрид. Исплатата ќе се врши по приемот на фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

Вкупниот износ на субвенциите не смее да го надминува предвидениот износ одобрен во Програмата Г1 за тековната година. Во случај на пристигнати барања за субвенции во вкупен износ поголем од предвидениот со Годишната Програма, ќе се применува принципот „прв дојден – прв услужен“ се до исполнување на предвидениот износ.

Крајниот рок за пријавување е до 12.07.2019 год.

Начинот и видот на субвенционирање на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство во општина Охрид е пропишан со Правилник за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство, а истиот е составен дел на повикот.

ОБРАЗЕЦ – СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ОПРЕМА И/ИЛИ УСЛУГИ ВО ЛОКАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СТОЧАРСТВО

Семејните земјоделски стопанства вршители на земјоделска дејност  од мал обем во град Охрид до комисијата за доделување на субвенции  по  основ на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство потребно е да достават:

·         Барање за субвенционирање на опрема и/или услуги,
·         Листа на планирана набавка
·         Потврда од решението за упис во Единствениот регистар на семејни земјоделски стопанства постаро од 6 месеци од моментот на поднесување на Барањето за субвенционирање на опрема и/или услуги.
·         Изјава заверена на нотар со која барателот потврдува дека за истата набавка досега нема добиено финансиски средства од Буџетот на Република Македонија или од друг извор.

·         Фотокопија од имотен лист

 

НАПОМЕНА: Субвенциите не покриваат извршување на градежни активности.

Прилог:

  • Барање за субвенционирање
  • Листа на планирана набавка
  • Правилник за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство