ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАМЕНА Е2 -КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕТОВАРНА СТАНИЦА ЗА КОМУНАЛЕН ОТПАД И ПОСТРОЈКА ЗА БИОГАС НА ДЕЛ ОД КП БР. 1219/1, КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ-ВОН ГРАД
- јуни 24, 2019
- 0
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08,48/10,124/10, 51/11,123/12, 93/13,187/13, 42/14,44/15, 129/
15,192/15, 39/16 и 99/18), Општина Охрид, на ден 19.06.2019год. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
-
За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за намена Е2 -комунална супраструктура за изградба на претоварна станица за комунален отпад и постројка за биогас на дел од КП бр. 1219/1, КО Долно Лакочереј-вон град ,Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за намена Е2 -комунална супраструктура за изградба на претоварна станица за комунален отпад и постројка за биогас на дел од КП бр. 1219/1, КО Долно Лакочереј-вон град, Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за намена Е2 -комунална супраструктура за изградба на претоварна станица за комунален отпад и постројка за биогас на дел од КП бр. 1219/1, КО Долно Лакочереј-вон град, Општина Охрид за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(нарушување на квалитетот на воздухот, водите и почвата како резултат на емисија на загадувачки материи, зголемени нивоа на бучава и вибрации и несоодветно управување со отпадот како и шумата, флората, фауната во рамките на планираниот опфат кој е под заштита ан УНЕСКО).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на wеб страната на Општина Охрид на следната wеб адреса/и: ohrid.gov.mk
- Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.