Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14 и 14/14), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ триесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 08.08.2019 година (четврток) со почеток во 11:30 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д 
Усвојување на Записник од 29-та седница
  1. Предлог – Одлука за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и  постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти.
  2. Предлог – Одлука за  усвојување на Извештајот и Акцискиот план за постапување по Заклучоците од 146-та седница на Владата на Република Северна Македонија.
  3. Предлог – Одлука за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид.
  4. Предлог – Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Вевчани.
  5. Предлог – Одлука за определување на дополнителен надоместок за членовите за општинската изборна комисија Охрид и избирачките одбори за предвремените локални избори 2019 година.
  6. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.
  7. Предлог – Програма за измени и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота за 2019 година.
  8. Предлог – Програма за измени и дополнување на Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за   2019 – 2021 година.
  9. Предлог – Програма за измени и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата  на општина Охрид за 2019-2021.
  10. Предлог – Одлука за измени и дополнување на буџетот на општина  Охрид за 2019 година.
  11. Предлог – Статутарна  Одлука за изменување на Статутот на општина Охрид.
  12. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата  за работа на Советот на општина Охрид за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  13. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата  за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2019 за периодот од 01.04. до 30.06.2019 година.
  14. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2019 година   за периодот од 01.04.  до  30.06.2019 година.
  15. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2019 година за  периодот од 01.04. до  30.06.2019 година.
  16. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01. до  30.06.2019 година.
  17. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.  до 30.06.2019 година.
  18. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2019-2021 година за периодот од 01.04. до 30.06. 2019 година.
  19. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  20. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  21. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за други комунални услуги  за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  22.  Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмаta за изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  23. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување  јавна чистота   за периодот од 01.01. до  30.06.2019 година.
  24. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за  јавно осветлување   за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  25. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  26. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило  за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  27. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2019 – 2021 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  28. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2019 – 2021 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  29. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за изградба на сообраќајна сигнализација   за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  30. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2019 – 2021 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  31. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието  за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  32. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за детска заштита  2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  33. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата заагтивностите од  социјална заштита за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  34. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација  за 2019 година за периодот од  01.01.2019 до 30.06.2019  година.
  35. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за културни  манифестации и творештво за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  36. Предлог-Одлука за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за  периодот од 01.04. до 30.06.2019 година.
  37. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот  за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  38. Предлот- Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2019 година.
  39. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање групи  во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.
  40. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во Општина Охрид.
  41. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.
  42. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид.
  43. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид.
  44. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОУТУ„Ванчо Питошески“ – Охрид.
  45. Предлог – Одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Христо Узунов“ – Охрид.
  46. Предлог – Одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид.
  47. Предлог – Одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.
  48. Предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Братство- единство“ – Охрид.
  49. Предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Кочо Рацин“ – Охрид.
  50. Предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Ванчо Николески“ с. Лескоец.
  51. Предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.
  52. Предлог – одлука за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година на ОУ„Св.Наум Охридски“с.Пештани – Охрид.
  53. Предлог – Одлука за давање согласност на планот за изменување на Годишниот план за вработување во општина Oхрид за 2019 година.
  54. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Oхрид за 2020 година.
  55. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид.
  56. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за дaвање согласност на променет годишен план за вработување за 2019 година на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид.
  57. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.
  58. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2020 година.
  59. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за измена на Статутот на ЈП Градски Пазар – Охрид.
  60. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за работата  на JП „Билјанини Извори“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2019  година.
  61. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот од  работењето и остварените резултати  на ЈП  Градски Пазар – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2019  година.
  62. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски Гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2019  година.
  63. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2019  година
  64. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за работењето  на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2019  година.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Претседател,
Живка Ангелоска