Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ триесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 18.10.2019 година (петок)  со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

                                                          

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

Усвојување на Записникот од 28 седница, 31 седница и 32 седница

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП ”Проаква” Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба).
  2. Предлог-одлука за давање согласност  на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП ”Проаква” Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем Скопје преку комбинирана поделба-  раздвојување со основање и раздвојување со превземање.
  3. Предлог- одлука за поделба на МЈП ”Проаква”Струга преку комбинирана поделба- со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска