СВЕЧЕНОСТ ВО БИБЛИОТЕКАТА ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ НА ОХРИД- СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
- декември 6, 2019
- 0
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денеска се одржа свеченост посветена на патронот на Охрид- Св. Климент Охридски, која започна со пригодна реч на проф. Татјана Дурнева. Во рамките на свеченоста, на која присуствуваше и председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, имаше фото презентација: „Св. Климент Охридски и Охрид“ и изложба на книги посветени на словенската писменост: „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.
Беаше промовирана трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ, писателот Коста Фортомар од Охрид беше прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ , а во културно уметничкиот дел на свеченоста настапија ученици од ОМУ „Методи Патче“ .