ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА АДМИНИСТРАТИВНО ДЕЛОВНАТА ЗГРАДА ВО КОЈА Е ЗЕЛЕНИОТ ПАЗАР
- декември 19, 2019
- 0
Утре во Охрид свечено ќе биде отворена новата Административно деловна зграда во која е сместен затворениот зелен пазар. На свеченоста ќе присуствува градоначалникот Константин Георгиевски, а е најавено присуство и на Премиерот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.
Продажбата на производи на затворениот зелен пазар ќе започне на 1-ви јануари 2020 година.