Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ триесет и седмата седница  на Советот на општина Охрид на ден 26.12.2019 година  (четврток) со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 Усвојување на записниците од 35-та и 36-та седница на Советот

  1. Информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид.
  2. Предлог – програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година.
  3. Предлог – програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година.
  4. Предлог – развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2020 – 2022  година.
  5. Предлог – програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2020 година.
  6. Предлог – програма за заштита на животната средина и природата за 2020 година.
  7. Предлог – програма за одржување на јавна чистота за 2020 година.
  8. Предлог – програма за подигање и одржување паркови и зеленило за 2020 година.
  9. Предлог – програма за спорт и рекреација за 2020 година.
  10. Предлог – програма за млади и невладини организации за 2020 година.
  11. Предлог – програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година.
  12. Предлог – програма за детска заштита за 2020 година.
  13. Предлог – програма за социјална заштита за 2020 година.
  14. Предлог – програма за културни манифестации и творештво за 2020 година.
  15. Предлог – програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2020 година.
  16. Предлог – програма за работа на Советот на општина Охрид за 2020 година.
  17. Предлог – програма за енергетска ефикасност за 2020 година.
  18. Предлог – програма за јавно осветлување за 2020 година.
  19. Предлог – програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2020 година.
  20. Предлог – програма други комунални услуги за 2020 година.
  21. Предлог – развојна програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2020 до 2022 година.
  22. Предлог – програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2020 година.
  23. Предлог – развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2019 – 2021 година.
  24. Предлог – програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година.
  25. Предлог – развојна програма за уредување градежно земјиште за 2020-2022 година.
  26. Предлог – програма за управување со отпад на општина Охрид за 2020 година.
  27. Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2020 година.
  28. Предлог – буџет на единицата на локалната самоуправа за 2020 година.
  29. Предлог – одлука за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2020 година.
  30. Предлог – одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година.
  31. Предлог – одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на МЈП „Проаква“ Струга РЕ „Водовод“ – Охрид за 2020 година.
  32. Предлог – одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2020 година.
  33. Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2020 година.
  34. Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2020 година.
  35. Предлог – одлука за усвојување на Програмата и планот за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2020 година.
  36. Предлог – одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2020 година.
  37. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини Извори – Охрид.
  38. Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП “Нискоградба”- Охрид за 2020 година
  39. Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на статутот на ЈП „Нискоградба“ Охрид
  40. Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП  „Охридски Комуналец“ – Охрид за 2020 година.
  41. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градки Пазар охрид – Охрид.
  42. Предлог-одлука за разрешување и именување член во Управниот Одбор на ЈП„Градски Пазар“ Охрид.
  43. Предлог –одлука за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид
  44. Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за одземање на правото на користење на градежно земјиште.
  45. Предлог- одлука за прифаќање донација на специјално товарно противпожарно возило.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА  ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска