ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ГОТВАЧИ
- декември 27, 2019
- 0
На седумнаесет учесници кои успешно ја завршија обуката за готвачи, денеска заменик- градоначалникот Ристо Николески им ги врачи сертификатите.
Обуката за готвачи е дел од програмата на Секторот за туризам и локален економски развој на општина Охрид, а ја реализираше Отворениот граѓански универзитет „ Кузман Шапкарев“ во соработка со Здружението на готвачи и ОУТУ „ Ванчо Питошески“ .