ОПШТИНА ОХРИД ДОБИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО КАКО ДОНАЦИЈА ОД ГЕРМАНИЈА
- декември 30, 2019
- 0
Општина Охрид доби специјално товарно противпожарно возило како донација од членовите на социјалдемократскиот општински совет на Тутлинген-Меринген, Германија.
Се работи за современо возило од марката „Ивеко-Магирус“, опремено со целокупната потребна опрема за гаснење на пожари.
Возилото значително ќе придонесе за зголемување на капацитетот на Охридската противпожарна единица.