ЗАПОЧНА УКРАСУВАЊЕТО ЗА ВОДИЦИ
- јануари 16, 2020
- 0
Денеска започна украсувањето на Охридското пристаниште и крајбрежниот потег, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, ги украсија канделабрите и оградите на пристаништето со зеленило од растенијата чемпрес и принус.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени верски знамиња и украсни знаменца во чаршијата и на улиците во централниот дел на градот, кои водат кон градското пристаниште.