НОВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО РАЧА
- јануари 28, 2020
- 0
- Категорија:
Деновиве се изведуваат завршните работни активности од правата фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.
Се работи за одводна мрежа во должина од 320 метри и соодветни приклучни шахти. Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2019 година и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа предвидени 1.092.560 денари. Работните активности на терен ги изведува фирмата „Бокоп“.
Во тек е подготовка на тендерска документација за објавување на Јавен повик за изведување на втората фаза од оваа канализациона линија, која е предвидена во Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година.