ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН НА ОПШТИНА ОХРИД 2019-2025 Г. ОПШТИНА ОХРИД
- февруари 3, 2020
- 0
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05,24/07, 159/08,48/10, 124/10,51/11, 123/12,93/13, 42/14,44/15, 129/15 и 39/16),Општина Охрид, на ден година, 30.01.2020 донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Локален еколошки акционен план на Општина Охрид 2019-2025 г. Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Локален еколошки акционен план на Општина Охрид 2019-2025 г. Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање, ЈУНП Галичица, ЈНУ Хидробиолошки Завод и Општина Охрид
- За планскиот документ Локален еколошки акционен план на Општина Охрид 2019-2025 год., кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ се очекува дека ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва,воздух, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство) како и влијанието на социоекономската состојба.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и: ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.