Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

  

ЈА СВИКУВАМ триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.02.2020 година  со почеток во  9:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записникот од 38 седница   

  1. Предлог- програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година.
  2. Предлог – одлука за усвојување на стратегијата за родова еднаквост во општина Охрид за 2020.
  3. Предлог Одлука за аплицирање на проект „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ во рамки на програмата INTEREG IPA  програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.
  4. Предлог Одлука за аплицирање на проект „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“  во рамки на програмата INTEREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.
  5. Предлог Одлука за прифаќање  донација нa црковни предмети за ново изградената црква Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во нас. Рача.
  6. Предлог Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ОУ “Григор Прличев“ – Охрид.
  7. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ОУ “Христо Узунов“ – Охрид.
  8. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ЈП “Билјанини Извори” – Охрид
  9. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на ЈП Градски Пазар – Охрид
  10. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел соптвеност на општина Охрид на ЈП ”Охридски Комуналец” – Охрид.
  11. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на СВР Охрид.
  12. Предлог Одлука за утврдување на висината на  надоместокот (закупнината) за поставување Урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
  13. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба Охрид“-Охрид со статус на административни службеници за 2020 година.
  14. Предлог-  Одлука за именување членови во надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП ВОДОДВОД Охрид
  15. Предлог – Одлука за давање согласност на одлуката за  донесување на статутот  на ЈП ВОДОВОД Охрид.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска