ОДРЖАНА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- февруари 26, 2020
- 0
Советниците на денес одржаната триесет и деветта седница на Советот на општина Охрид го усвоија записникот од 38-та Седница со 15-те точки на дневен ред кој беше надополнет со уште една точка што беше повлечена , а се однесуваше на Предлог одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за фирма бр. 07-73/8 од 31.01 2006 година. Усвоени беа Предлог- програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година како и Предлог Одлуките за аплицирање на проект „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ и за „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“ кои се во рамки на програмата „INTEREG IPA“ програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Советниците ги изгласаа и Предлог – одлуките за прифаќање донација нa црковни предмети за ново изградената црква Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во населба Рача и за пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на основните училишта “Григор Прличев“ и „Христо Узунов“ . Усвоени беа и предлог одлуките за пренесување на правото на користење канцелариски мебел сопственост од општината на Јавните претпријатија, “Билјанини Извори”, „Градск пазар“ и „Охридски Комуналец” како и на СВР Охрид.Советниците ги изгласаа и Предлог – одлуките за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба “ со статус на административни службеници за 2020 година.Седницата заврши со усвојување на Предлог- одлуките за именување членови во надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Водовод“ и за давање согласност на одлуката за донесување на статутот на ова јавно претпријатие.