СЕ ОДРЖА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- март 18, 2020
- 0
Советниците во редуциран состав со 17 присутни , денес ја одржаа четириест и првата седница, со една точка на дневниот ред, кој беше дополнат со уште две нови, а кои се однесуваа на активности во однос на актуелната ситуација на епидемијата со корона вирусот.
Првата точка се однесуваше на одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации, како и за времен прекин на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Одлуката беше едногласно прифатена со 17 гласа, а нејзината важност е заклучно со 1 октомври 2020 година.
Втората точка која беше едногласно прифатена и изгласана, се однесува на повеќе заклучоци, а во врска со препораките и мерките на владата за заштита од Корона вирусот КОВИД -19. Со овие заклучоци, Советот ги задолжува сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид да ги испитаат законските регулативи и можности за олеснување на обврските спрема правните субјекти и физичките лица. Во наредните 10 дена дена до градоначалникот и советот треба да достават информација, дали постои законска можност да не се ипорачуваат фактури од јавните претпријатија кон коминтентите во периодот кога не обавуваат дејност и дали постои законска можност да не се пресметува казнена камата за извршените плаќања на сметки после утврдениот законски рок во периодот додека траат мерките и препораките на владата.
Советот на Општина Охрид ги задолжи Секторите за урбанизам и управување со градежно земјиште и за даноци и комуални такси, да ја испитаат законската регулатива за ослободување на правните и физички лица од надомест за краткотраен закуп и комунална такса за периодот додека не обавуваат дејност. Советот ја задолжи правната служба исто така да ја испита законската можност за времено запирање на присилната наплата и извршните побарувања, камата и пеналии кон правните и физички лица, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот.
На предлог на градоначалникот Константин Георгиески, беше прифатена одлуката за времено отстапување на три моторни возила од Општина Охрид за период од 90 дена, за потребите на СВР Охрид. Ова се должи на зголемениот обем на работа на СВР Охрид и потребата од дополнителни возила.