СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- април 28, 2020
- 0
Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 30.04.2020 година (четврток ) со почеток во 11.00 часот.
Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во 11:00 часот.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записниците од 40. и 41. седница
- Предлог-oдлука за изменување на Oдлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
- Предлог-oдлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност.
- Предлог- заклучок.
- Предлог-годишна програма за измени и дополнување на Годишната Програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
- Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за ЈП„Нискоградба Охрид “-Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска