По повод 24-ти Maj – Денот нa сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, Општина Охрид распишува:

 

НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА

 

Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на светите  Кирил и Методиј

 По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели награди за најдобри поетски  творби во три различни категории:

 

I  За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);

 II  За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);

III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

Износот на првата  награда во сите категории е 3.000,оо денари;

Износот на втората награда во сите категории е 2.000,оо денари;

Износот на третата  награда во сите категории е 1.000,оо денари.

 

 

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот  на Општина Охрид.

Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 20.05.2020 година, треба да се доставуваат  на следната адреса:

Општина Охрид, – ул.”Димитар Влахов“бр.57 ( со назнака: За Литературен Конкурс и со наведена категорија за која се конкурира).

Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.

Авторството се докажува со четвртиот примерок.