По завршувањето на распишаниот Општински награден ликовен конкурс за поттикнување на ликовното творештво на учениците од основните и средните училишта, Жири –комисијата во состав: проф. Жанета Стаиќ Митреска (претседател), проф. Звонко Целески (член) и проф.Димитрија Ристески(член)  донесе одлука за избор на најдобрите  од вкупно пристигнатите 40 ликовни  творби  посветени на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.

Жири –комисијата одлучи :

  • Првата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)да  ѝ се додели на ликовната творба   под шифра: „Супер мува”.
  • Втората награда во првата категорија – за  ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели  на ликовната творба   под шифра: „Просветители 13”.
  • Третата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да им се додели на   ликовните творби под шифрите: „458 ЛП ”  и  „Виножито 5”

 

  • Првата награда во втората категорија – за ученици од  предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ   се додели на ликовната творба под шифра:  „Светители”.
  • Втората  награда во втората  категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)  да ѝ се додели  на  ликовната творба под шифра: “hope x6”.
  • Третата награда во втората категорија –за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на  ликовната творба  под шифра:  „16012008”.

 

  • Првата  награда во  третата категорија – за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да  ѝ се додели  на  ликовната творба под шифра: „Bruno 0505”.
  • Втората награда во третата категорија – за ученици  во средно образование од прва до четврта година) да ѝ  се додели  на ликовната творба под шифра:  „ Амајс”.
  • Третата награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година да  ѝ се додели  на ликовната творба под шифра:  „1996КЈ”.

 

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид  на ден 26.05.2020 година, најдоцна до 12.00 часот  и со себе да понесат копија/фотографија од ликовната творба со која конкурирале  за да го докажат своето авторство.

Наградените ликовни  творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Охрид.