СВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- мај 23, 2020
- 0
Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.05.2020 година ( петок ) со почеток во 11.00 часот.
Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во 11:00 часот.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 42 седница.
- Предлог- Програма за измени на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2020 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година.
- Предлог- Програма за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за детска заштита за 2020 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за култура за 2020 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2020 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за одржување на јавна чистота за 2020 година.
- Предлог- Програма за измена на програмата за јавно осветлување за 2020 година
- Предлог- Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020 – 2022 година.
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2020 година.
- Предлог-Одлука за изменување на одлуката за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
- Предлог- Одлука за давање согласност на општина Охрид за учество во хуманитарната акција од ОО – Црвен крст Охрид.
- Предлог- Одлука за давање на времено користење на недвижен имот на Црвен крст Охрид.
- Предлог- Одлука за давање на времено користење на недвижен имот на JП „Билјанини Извори“ Охрид.
- Предлог – Годишна програма за измени и дополнување на годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
- Предлог- Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште Кп.бр.1317/2 и 1318/2 КО Пештани.
- Предлог- Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште Кп.бр.9992/1 КО Охрид 2.
- Предлог- Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште Кп.бр. 5406/4 и др. КО Охрид 4.
- Предлог- Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште Кп.бр. 408 и др. и одземање на корисничко право на Кп.бр. 407 и др. сите во КО Велгошти.
- Предлог- Одлука за утврдување нацрт – детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 5, КО Охрид 3 општина Охрид, плански период 2013 – 2023.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за измена на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите за паркинг простор што ги врши ЈП Градски Пазар- Охрид.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на утврдените тарифи за водоснабдување за 2019 година за JП „ВОДОВОД “- Охрид.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на бизнис планот за водни услуги за ЈП„Нискоградба” –Охрид за период 2021-2023 година.
- Предлог- Одлука за давање согласност за склучување Договор за физичка делба на имотот стекнат по пат на јавно приватно партнерство-Градски Пазар Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска