Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ четириесет и четвртата  седница на Советот на општина Охрид на ден 29.06.2020 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записник од 43  седница

 

  1. Предлог- одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје.
  2. Предлог- одлука за давање на времено користење на недвижен имот- градежно земјиште кое е Градежна парцела  1.2  од ДУП  УЗ 13 УБ 13.1, на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
  3. Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за размена  на  градежно земјиште.
  4. Предлог- одлука за  измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци   како и за времен прекин на   постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, бр. 08-3172/3 од 18.03.2020 година.
  5. Предлог-измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020-2022.
  6. Предлог- одлука за давање согласност на текстот на Aнекс договор на договорот за ЈПП солемизиран кај Нотар Васил Кузманоски под ОДУ.бр.694/15 за поделба на недвижноста.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска