По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:

 

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ

 

Услови за учество на Конкурсот:

 

  1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;
  2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 
  3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
  4. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2020 г.;
  5. Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 07.08.2020 г.
  6. Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари.

 

Доставените трудови не се враќаат.