Врз основа на член 62 од Законот за локална самоуправа ( „Сл. Весник на РМ“бр. 5/02) и член 83 од Статутот на општина Охрид ( Сл. Гласник на општина Охрид“ бр.6/03), Советот на општина Охрид на седницата одржана на ден 20.03. 2007 година, донесе:

ОДЛУКА
ЗА ЗАБРАНА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА
ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД

 

Член 1

СЕ ЗАБРАНУВА да се изведуваат градежни работи од типот високоградба, ниска градба, прекопувања на улици, тротоари, патеки и сл. на подрачјето на општина Охрид.

Член 2

Оваа забрана важи за подрачјето на градот и тоа:

Просторот под улица „Булевар Туристичка“ до Езерото и тоа на потегот од „Билјанини Извори“ до реката Даљан; Просторот над улица „Булевар Туристичка“ во длабочина од 50м.; Туристичките локалитети на потегот од: канал Студенчишта до Св. Наум

Член 3

 Забраната  за изведување на градежни работи  ќе важи за временскиот период од 1 Јули до 31 Август.

Член 4

Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на општина Охрид“.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Број 07-513/9  20.03 2007 год.
Претседател,
Охрид Владо Чингоски

 

НАСЛОВ НА МАТЕРИЈАЛОТ:
Предлог Одлука за забрана за Изведување градежни работи на Подрачјето на општина Охрид

ПРЕДЛАГАЧ
градоначалник на општина Охрид

 ОСНОВ ЗА ДПНЕСУВАЊЕ:
Член 62 Закон за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“бр. 5/02) и член 83 од  Статутот на општина Охрид

ПРЕТСТАВНИК
Бранко Арнаудов

ОБРАБОТУВАЧ
Стручна служба

НАДЛЕЖНОСТ
Совет на општина Охрид