Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ четириесет и петата  седница на Советот на општина Охрид на ден 30.07.2020 година ( четврток ) со почеток во 11.00 часот.

 

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записник од 44  седница

 

  1. Предлог-програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година.
  2. Предлог-програма за измена на  програмата за активностите на општина Охрид вообласта на образованието за 2020 година.
  3. Предлог-програма за измени на програмата за социјална заштита  за 2020 година.
  4. Предлог-програма за измени  дополнувања на програмата други комунални  услуги  за 2020 година.
  5. Предлог-програма за измени  и дополнување на Развојната  програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2020-2022 година.
  6. Предлог-програма за измени  и дополнување на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година.
  7. Предлог-програма за измени на развојната програма за уредување на  градежно земјиште за 2020-2022 година.
  8. Предлог –одлука за измена на распоредот на средствата на  Буџетот на општина Охрид за 2020 година.
  9. Предлог- одлука за давање согласност на општина Охрид за одобрување финансиска помош за град Нови Пазар – Р.Србија.
  10. Предлог- одлука за давање согласност на одлуката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид за ослободување од партиципацијана деца кои посетуваат градинка.
  11. Предлог-одлука  за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Oхрид на ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
  12. Предлог-одлука за за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани- Охрид.
  13. Предлог-одлука за  пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Климент Охридски“ Охрид.
  14. Предлог измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.
  15. Предлог заклучок  за усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато  заради негово прогласување за заштитено подрачје.
  16. Предлог одлука  за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија – “Парк на природата”.
  17. Советнички прашања.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска