Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Охрид, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  “Отворени можности за еднакво образование за сите деца”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

  • 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
  • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

  • 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
  • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-лица кои подолго време немаат работа и потешко се вклучуваат во пазарот на трудот;

-самохрани родители;

-семејства со три и повеќе деца;

-родители на деца со интелектуална попреченост

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  1. Образовен асистент – 6 извршители со завршено високо образование – Филозовски факултет (дефектолог, психолог, педагог) и сите останати професии со завршени наставни предмети.

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Охрид и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Охрид кај лицето Кети Росиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид  кај лицето Маја Ташева Биткоска,  Центар за социјална работа Охрид кај лицето Мирјана Врангалоска.