ПРОМОВИРАНИ ТРИ КНИГИ НА ОХРИДСКИОТ НАУЧЕН ИСТРАЖУВАЧ И ИСТОРИЧАР Д-Р ПАВЛЕ МИТРЕСКИ
- август 20, 2020
- 0
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска присуствуваше на промоцијата на трите нови книги на познатиот охридски научен истражувач и историчар д-р Павле Митрески, која се одржа денеска во Охрид.
Издавањето на овие богати научни книжевни дела „Михајло Идворски Пупин“ (Од Идвор до Вевчани), „Студии за Охридско – струшкиот регион“ (4 книга) и „Српски документи 1890 – 1940)“ беше поддржано од Општина Охрид.
Промотори на книгите беа проф. д-р Ѓорѓи Тоновски и м-р Димитар Смилески, а модератор на настанот беше Милчо Јованоски.