ЗАПОЧНА ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЕТСКИ КАМП ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
- август 24, 2020
- 0
Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески ги поздрави учесниците и организаторите на традиционалниот Балкански поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“, кој започна денеска во Охрид.
Организаторот на овој тридневен поетски собир е Друштвото за култура и литература „Мацково“ со поддршка на Општина Охрид.
Со младите учесници на кампот, ќе работат истакнати поетски автори од регионот, а главен претставник на Светската академија за поезија на УНЕСКО ќе биде претседателот на Одделот за словенскиот свет при академијата, поетот Мајо Данаиловиќ од Белград.
Годинешната поетска манифестација, ќе мине во знакот на одбележувањето на 108 годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески.
Сите настани и активности кои се предвидени во рамки на програмата на поетскиот камп, ќе се одвиваат во согласност со мерките и протоколите за заштита од Корона вирусот „КОВИД 19“ и со примена на дигиталните технологии за комуникација.